Хојт Ји со јасни пораки PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 01 мај 2017
hojti1qq.jpgЗаканите за санкции кон одредени политичари во Македонија кои го блокираат демократскиот процес се можност што сериозно се разгледува, навести денес и заменик помошникот на државниот секретар во Стејт департментот Хојт Ји, по дводневните средби со претседателот Ѓорге Иванов, спикерот на парламентот Талат Џафери и лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. а новинарско прашање дали санкциите се опција, Ји рече: „Македонија и САД се партнери, и ние многу веруваме во принципот дека партнерите имаат заеднички интереси, заеднички вредности и заедничка одговорност. Кога партнерите работат заедно на заеднички цели, без разлика дали тоа се мировни мисии, комерцијални потфати или решавање конфликт, важно е партнерите да се потпираат еден на друг за да ги исполнат преземените обврски. Еден од принципите кој државниот секретар Тилерсон јасно гo истакна е дека во нашите односи со соујзниците, партнерите или противниците ние имаме намера да ги сметаме за одговорни за она што го велат или прават. Не би сакал понатаму да навлегувам во детали како тоа ќе го сториме, но мислам дека знаете оти САД го зема за сериозно она што го вели или го прави, или она што сака да го стори за да им помогне на своите партнери“.

Дека можноста за санкции сега се проширува и на политичарите и државните функционери за кои ќе се утврди дека имале одговорност за организираниот напад врз Собранието на 27 април, говори и остриот речник со кој Ји го осуди и нападот.

„Уште поалармантен е инцидентот во парламентот од минатиот четврток кога членови на парламентот беа насилно и кукавички нападнати само поради тоа што избраа нов спикер на парламентот. Силно ги осудивме овие напади и бараме од властите брзо и целосно да ги истражат нападите, и одговорните да ги изведат пред лицето на правдата“, рече Ји.

Санкциите како мерка за притисок и на ЕУ минатата недела ги спомена германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел (Фото: АП)

Санкциите како мерка за притисок и на ЕУ минатата недела ги спомена германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел. За време на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на Малта на 29 април, два дена по организираниот напад на Собранието во Скопје, Габриел  рече дека постои цела лепеза на мерки, но засега се ограничуваат на испраќање сигнали.

„Засега испраќаме јасни сигнали и се надеваме дека нема да мораме да ги ставиме во сила сите мерки кои ни стојат на располагање. Се надеваме дека ќе надвладее разумот. Имаше избори и оние што ги загубија ќе морат да си заминат. Но недозволиво е некој да ја задржува власта само затоа што има страв од истрагата на Специјалното јавно обвинителство за она што го правела владата. Тоа не е можно. Тоа е во спротивност од она што го бараме во Европа“, рече Габриел.

Тој ги предупреди оние политички сили во Македонија кои не сакаат да се одвојат од своите функции и покрај тоа што ги загубија изборите, дека не смеат да ѝ го блокираат патот на земјата кон ЕУ.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive