ОМД за најновите случувања во Македонија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 29 април 2017
obedinetadijaspora99a.jpgОбединета Македонска Дијаспора (ОМД) најостро ги осудува физичките напади врз пратениците кои се случија во Македонската куќа на демократијата – Собранието на Република Македонија. Овој чин го наруши интегритетот и безбедноста на пратениците. Употребата на насилство и нарушувањето на безбедноста на било кој граѓанин на Република Македонија, без разлика на полова, национална и верска припадност, е крајно неприфатливо и казниво со закон. Демократијата не признава насилство, туку цивилизиран дијалог, за кој за жал во моментов не постојат нормални услови во нашата држава. 

ОМД исто така најстрого ја осудува непрофесионалноста на полицијата за време на збиднувањата во Собранието што е крајно спротивно на нејзината одговорност.  Поради тоа, ОМД бара итна истрага и превземање на сите законски мерки против СИТЕ прекршители на законот вклучени директно или индиректно во неодамнешните случувања.

Истовремено, ОМД повикува на политичка одговорност за настаните и најостро ја осудува политичката елита во Македонија која покажа апсолутна политичка незрелост. Во овие судбоносни моменти за државата, лидерите се тие кои со присебност, умереност, почит кон политичкиот противник и компромис можат да ги постават темелите на успешна и стабилна демократија. Се спротивно, произведува хаос и несогледливи последици за сите нас, но најмногу за обичниот граѓанин.

ОМД повикува на разумна кадровска политика и разумно одлучување во поставување на клучни лица на одговорни државни позиции без криминални и терористички досиеја, пракса која што е согласно со Американските, Европските и Светските стандарди. 

ОМД го повикува Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, од било која друга етничка припадност, медиумите, невладиниот сектор и интелектуалците да го покажат својот капацитет во изградба на стабилно и граѓанско општество. Критиките од типот – спротивен табор, се крајно контрапродуктивни и водат кон непочит и стварање омраза. Доколку навистина постои намера и искрена желба за стварање и одржување на стабилно и граѓанско Македонско општество, потребни се напорен труд и многу работа кај сите горенаведени фактори. Само на тој начин, Република Македонија ќе биде во позиција да се справи со предизвиците на функционална демократија и целосно да ги елиминира апсолутно сите националистички и шовинистички повици како од внатрешноста, така и од некои соседни земји. 

Во овие клучни моменти за нашата татковина кога владеат длабока поделеност и говор на омраза, ОМД апелира на зрелост на народот и политичките лидери кои се од историска важност за внатрешната стабилност на Република Македонија и на целиот Балкански Регион.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive