Како милијардерот Гејст се бори со стресот PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 03 април 2017
gejts.jpgДиректорите и основачите на големи успешни компании се под стрес на секојдневното живеење како и секој од нас и сите имаат различни начини за справување со тешките моменти. ајуспешните луѓе ги споделуваат нивните методи за ослободување на стресот од работата.

Бил Гејтс чита пред спиење

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс сака да да се опушти со читање пред спиење најмалку еден час, без разлика колку доцна легнува. Во интервју за списанието Фортјун, Гејтс сподели и еден совет што го научил од Ворен Бафет во врска со поедноставување на животот.
"Неговата способност да ги разгради нештата, да се фокусира на она што е најважно, да мисли на најосновните работи, тоа е неверојатно. Треба да си посебен гениј да можеш да го направиш тоа", рече Гејтс.



Ворен Бафет свири на укулеле

Ворен Бафет, еден од најуспешните инвеститори во светот, има многу хобија. Ужива да свири укулеле и има настапено во живо на вести.
Според едно истражување на Универзитетот на Калифорнија, активности што ментално ве стимулираат, како учење да свирите на инструмент, помага во намалувањето на стресот.

Шерил Сендберг го исклучува телефонот навечер

Оперативната директорка на Фејсбук, Шерил Сендберг вели дека не е во прашање тоа што го пртавите, туку што не правите. Таа се труди да се дистанцира од социјалните мрежи и проверување на електронската пошта и затоа навечер го исклучува телефонот.
Таа вели дека на тој начин ништо не ја вознемирува во текот на ноќта и може мирно да се наспие, што и помага да се справи со стресните ситуации во текот на денот.

Елон Маск директно се соочува со неговите стравови

Во 2008 година светската економија беше нестабилна, автомобилски компании банкротираа, а компанијата Тесла поминуваше низ тежок период. Главниот извршен директор на оваа компанија Елон Маск, се разведуваше во тој период. Сепак, тој успеа да го надмине тешкиот период и да напредува, носејќи паметни одлуки.
Како му успеа тоа? На самитот Даблин Веб Самит во 2013 година тој откри дека тајната е во тоа како се справувате со стравот и дека големите претприемачи во Силиконската Долина едноставно не се плашат и да доживеат неуспех.
"Стравот е конечен, надежта е бесконечна. Страв ни е од неуспех, но тоа не не спречува да се обидеме", рече тој.

Џеф Безос се смее

"Ако ме прашате мене, многу се смеам", рече основачот на Амазон во интервју за Академи оф ачивмент. Безос додава дека голем дел од стресот се должи на игнорирањето на работи што не треба да ги игнорирате.
"Стресот обично потекнува од непреземањето мерки за работите врз кои всушност имате контрола. Имам забележано дека откако ќе го идентификувам проблемот, ќе го направам првиот телефонски повик или ќе го пратам првиот мејл за да се реши раотата, дури иако не е целосно решена, ми дава чувство дека се справувам со ситуацијата. Тоа значително го намалува стресот од помислата дека нештата стојат во место."
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive