Трикови за поубав ден PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 26 јануари 2014
joga9.jpgДали утрово на работа стигнавте со чувство на нервоза во желудникот? Ништо необично.

Рано будење, подготвување на децата за училиште или градинка, пробивање низ сообраќајниот метеж.
Додека дојдеме до работното место веќе сме под стрес, а голема е можноста дека тоа чувство ќе не следи низ целиот ден.
Па дури и кога наутро ќе станете на лева ногаа постојат активности, пишува Инц, кои денот од уништенн може да претворат во одличен.
1. Испланирајте вечерта претходно
Вечерта претходно подгответе што ќе облечете, подгответе појадок и сите дребулии кои морате да ги понесете во канцеларија за наутро да не трчате по куќата во потрага по клучевите, на пример. Овој совет особено помага ако имате деца кои наутро морате да ги подготвите за одење во градинка или училиште.
2. Обидете се да медитирате
Доволно е 15-тина минути и не мора да стравувате дека со медитација само уште повеќе ќе ви се приспие. Вистинската медитација го стимулира умот и ќе ви помогне да ги разбистрите мислите и да се ослободите од негативната енергија. Мислете позитивно.

3. Почнете го денот со читање нешто инспиративно
Наместо вести, одберете хумор или некоја инспиративна книга. Ако прво што прочитате наутро бидат вести за трагична сообраќајна несреќа со повеќе загинати, најверојатно е дека ќе бидете тажни. Затоа снебдете се со хумористични книги.
4. Опкружете се со цвеќиња
Истражувањата покажуваат дека изложеноста на силни бои рано наутро ја разбудува енергијата. После работа одете во цвеќарница да си купите себе си голем шарен букет за наредното утро тоа да ви биде прво што ќе видите кога ќе ги отворите очи.
5. Кафето заменете го со зелен чај
Иако кафето е одличен стимуланс, понекогаш е лошо за желудникот, особено ако се пие на празен стомакк.
Обидете се некое утро наместо кафе да си подготвите зелен чај кој исто така има кофеин, но делува повеќе смирувачки.
6. Вежбајте јога
Вежбањето наутро е најдобро за разбудување, а поради ендорфинот ќе се чувствувате подобро. Кој сака добро да се расони нека проба со трчање.
7. Договорете состанок кој ќе ве расположи
Без оглед дали имате за тој ден договорено состанок на кој ќе разговарате за новите работни планови или сте се договориле за пијалак со пријателите кои долго не сте ги виделе, добро е да имате договор на кој ќе му се веселите.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ

caj.gif

  logo.png

 

 

 

 

 

  

 

МЕТАЛНА ОПСЕСИЈА



Слични теми

Реклами

544152_210629159119664_747594397_n.jpg
img_1108.jpg 
logo_ohridlive_1.jpg 
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg

ohleto.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

  logoprepoznatlivo.jpg

  rezultati.jpg 

Општина Охрид

 
msnastani.jpg

 

 

    

letra.jpg

  

   

OhridLive