Деби на македонските олимпијци во Пекинг PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 10 август 2008
makedonci.jpg

Свое деби на овогодинешните 29-ти ЛОИ во Пекинг имаа и македонските олимпијци. Прв од македонските преставници настапи пливачот Михајло Ристовски во дисциплината на 200 метри слободно, која ја исплива со време од 1 минута, 57 секунди и 45 стотинки, што беше доволно за второто место во првата квалификациска група на оваа делница.

Првото место во оваа група му припадна на Иракли Ревишвили од Грузија, со време подобро од 3 секунди и 85 стотинки во споредба со времето на Ристовски, а третото место го освои Емануеле Николини од Сан Марино. 

Стрелецот Сашо Несторов во преднатпреварите во дисциплината воздушна пушка од 10 метри и знаменосецот Атанас Николовски во двете квалификациски трки во кајак - слалом на диви води, во К-1, утре на олиписките борилишта во Пекинг ќе ја претставуваат нашата земја. Ако кајакарот Николовски избори пласман, полуфиналето и финалето во неговата дисциплина, повторно ќе настапи на 12-ти август. Пливачката Елена Поповска на 13-ти ќе настапи во квалификациите на 100 метри слободно, додека атлетичарката Ивана Рожман на 16-ти август ќе трча во спринтот на 100 метри, а Реџеп Селман на 18-ти ќе се појави во преднатпреварите во трискок.

Последен ќе настапи борачот во слободен стил Мурад Рамазанов, на 19 август, во категоријата до 60 килограми.

Последни измени ( четврток, 21 август 2008 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ЛИТИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ВЕЛИКОМАЧЕНИК ГЕОРГИЈ - СТРУГА 2018

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive