|
вторник, 19 февруари 2008 |
|
Последните информации од
Штутгарт тврдат дека Porsche планира да има забележителен настап на
претстојниот Салон за автомобили во Париз, каде една од ѕвездите треба
да биде нова верзија на актуелната 911-ка.
Станува збор за 911 Speedster кој ќе биде изработен во лимитиран број
на примероци, што во пракса значи дека ќе заврши во гаражите од само
100 доволно богати среќници, од кои 30 на американска почва.
Овој
двосед со погон на задните тркала ќе биде достапен во бела и сина боја,
моторот ќе има на располагање 408 коњи, а дел од пакетот се и Porsche
Ceramic Composite Brakes (PCCB) сопирачките, Porsche Active Suspension
Management (PASM) и менувач со двојно квачило Porsche doppell kuplungs
getriebe (PDK)
http://www.autoplus.com.mk
|