"Умрете каури"-порака на црква во Октиси |
|
|
|
недела, 29 јануари 2012 |
Не престануваат инцидентите во струшко. Вечерва после 20 ч. во селото Октиси осквернавена е црквата "Св Никола".
.
На зидовите од светиот храм испишани биле графити со погрдни и навредливи пораки. На бетонскиот надворешен ѕид со спреј било напишано “Каури за вас само смрт”.
Полицијата изврши увид на лице место и работи на расчистување на повеќето инциденти кои деновиве ја тресат Струга после протестот на Исламската верска заедница против навредливите маски на Вевчанскиот карневал.
Во Струга три денови работи специјален тим што треба да ги најде вандалите кои го каменуваа вевчанскиот автобус во селото Велешта, го запалија македонското знаме, го искршија крстот во црквата Света Богородица во село Боровец и го уништија приватниот здравствен дом во селото Лабуништа. Инаку во селата Боровец, Лабуништа и Октиси поголемиот дел од населението се од муслиманска, а помал од православна вероисповест
|