Извори од јапонскиот
производител велат дека веќе на големо се подготвува помал и значително
поевтин модел од долго најавуваното купе FT-86
Станува збор за модел кој ќе ги има основните карактеристики на
FT-86, односно ќе биде купе кое ќе има мотор напред, а погонот на
задните тркала, но кој би бил во понудата еден сегмент подолу.
Основната идеја е да се создаде забавен и ценовно пристапен спортски
автомобил, кој, за разлика од FT-86 кој ја надмина почетната замислена
цена, би бил меѓу поевтините - се споменува цена од околу 15.000 евра.
Со
цел да се намалат издатоците за развој и трошоците за производство да
се задржат на пониско ниво, за овој модел ќе бидат употребени постоечки
платформа и мотори. Поточно, ќе се базира на модифицирано подвозје на
моделот Aygo, со 1,5 литарски турбо бензински мотор, должина од 3,9
метри и вкупна маса под 1.000 килограми. Пристигнувањето на пазарот се
очекува во текот на 2012 година.