На Карлеуша и се закануваат со убиство PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 07 август 2010
karleusa.jpgСе подигна огромна прашина откако Јелена Карлеуша на својот Facebook профил напиша белешка насловена „Fahretizam, ćoravizam i ostali izmi“.

Пејачката доби поддршка од голем број фанови, но со нејзиното мислење не се сложија многумина, меѓу кои и некои јавни личности.

- Веднаш по објавувањето на колумната во поштенското сандаче на нејзиниот профил почнаа да стигаат пораки од типот „Ова ти е последна колумна“, „Ќе ти лета главата“, „Пази каде одиш“, „Ќе те нема“... И по смс добиваше закани. Засега не планира да ја инволвира полицијата бидејќи смета оти некој сака само да ја заплаши за да молчи, вели извор близок до Карлеуша.

- Ми се закануваат, тоа е вистина! Плашат мачка со решето. Јас сум тука, сама сум. Зад мене не стои никој, нека повелат. А јас ќе се бранам. Секогаш ја иритирав калта и талогот со својата појава, музика, ставови... Знаете што ги нервира? Петнаесет години се обидуваат да ме направат глупа, грда и неталентирана, тоа го зборуваат за мене. А јас, исправете ме ако грешам, никогаш не сум била посилна и попопуларна после се. И самите знаете дека нема лице од овој наш бизнис кое ме нема нападнато. Тренд е да се нападне ЈК и да се добие насловна. И таман кога два олоша ќе ја убијат Карлеуша, таа повторно станува. Требале да ме отрујат во 1978 година во породилно, сега е доцна. Мојата снага се моите хитови, тиражи и армијата фанови. Јас не морам никому да му се докажувам, ниту пак било кому да му се умилкувам. Слободна сум да зборувам против неправдите во нашиот бизнис и себе си се гледам како еден вид заштитник на младите. Ако јас минав низ сите неправди, тогаш ќе направам некои нови клинци да не мораат да минат низ истото, рече Карлеуша.

Последни измени ( сабота, 07 август 2010 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive