Поетски ноќи кај Канео PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 15 јули 2010

upa.jpgОд утревечр па се до 15 август секој петок во предворјето на  црквата "Свето Јован Канео" ќе се одржуваат поетски ноќи исполнети со поезија,музика, беседење.Иницијатор на овој проект наречен "Парче душа" е актерот, продуцентот Љупчо Тодоровски -Упа.со голема поддршја на локалната самоуправа во Охрид.

Охрид е град кој е пребогат со културни, верски и историски објекти. Тоа секое пиле го знае. Охрид пружа незаборавни глетки. Од каде и да го погледаш е - различен, поинаков, некако секому се чини, негов, личен. Секој си оди од Охрид со својата слика за него. И ја чува како нешто длабоко лично. Нешто длабоко убаво. И така градот станува само „негов“. И од многу такви „негови“, тој станува - „наш“ и општ. Секој го чувствува како свој. И тоа е простото објаснување од каде таква заљубеност и поврзаност на луѓето со овој град. Од каде таа маѓепсаност... Одкаде постојаното враќање во Охрид на нас, Македонците. И на сите славјани. И на сите други.Ова е чувствената состојба на душите на луѓето. Тоа е она што ги раководи, скоро без да размислуваат и аналитички да откријат што е тоа што ги влече,вели Тодоровски -Упа.


-Тоа е позадина и  основа на идејата на мојот проект. Да ги обединам сите кои сакаат:да си го добијат своето „парче“ Охрид, „своето„ парче уметност, „своето“ парче црква...и миг на мир и спокојство; миг каде добрината ќе го победи злото и каде вечноста на песната и црквата ќе го надвладее секојдневието и грижите,додаде иницијаторот.

Митре Велјаноски од Секторот за образование при локалната  вели дека постои една цел - во Охрид преку летото да се случува култура.

-Во овој проект препознавме  една убава идеја за  да се презентира убавиот збор.Канео е свето место каде што почитувачите на  живата култура ќе имаат можност да видат бројни поети,музичари,вели Велјаноски.

             upa2.jpg 

                                  Велјаноски:Во Охрид преку летото да се случува култура

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive