Како изгледал Исус-модерна реконструкција PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 03 април 2010
lik1.jpg Исус Христос бил црномурест и не изгледал онака како што го прикажуваат ренесансните сликари, покажува реконструкцијата базирана на платното од Торино.

Користејќи најнова 3-Д компјутерска технологија, тим од дигитални уметници го направија, како што тврдат, вистинскиот лик на Исус. Контурите на лицето и на телото се земени од привидниот лик втиснат на прекривката, односно крвавото ленено платно, со кое се вели дека било покриено телото на Исус во неговиот гроб.

Неколку месеци макотрпна работа беа вложени во реконструкцијата, која е прва од овој вид. Резултатите ги сними „Хистори ченел“ за документарецот во два дела „Вистинскиот лик на Исус“, што беше емитуван неделава. „Ако сакате повторно да го создадете ликот на Исус и ако сакате да го добиете вистинското лице на Исус, постои само еден предмет, а тоа е платното“, вели Реј Даунинг, главен уметник во проектот. „Имам многу информации за тој лик и според моите процени, ние сме неверојатно блиску до тоа како изгледал тој човек“.

Ликот што го создадоа тие изгледа многу поинаков од сликата на платното, објаснува Даунинг, бидејќи е трансформиран од 2-Д во 3-Д технологија. „Платното не висеше на ѕид - туку обвиткуваше труп. Ликот е скриен таму. Со имитирање на тие искривувања, можевме да ја добиеме сликата и да ја вратиме во форма и да сфатиме како изгледал ликот. Тоа ни беше нацрт“, рече тој.

Со векови се води дебата за автентичноста на платното. Во 1988 година испитувањата за утврдување на потеклото покажаа дека материјалот потекнувал од периодот меѓу 1260 и 1390 година, што укажува дека станува збор за средновековен фалсификат. Сепак, последователно се тврдеше дека резултатите можеле да се изменат, бидејќи лененото платно претрпело промени поради вода и оштетувања од оган.

 

Утрински весник

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive