Зошто паѓаат миговите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 08 јули 2009

mig29a.jpgНа аеродромот Батјница кај Белград вчера се урна воен борен авион од  типот миг 29 при што пилотот иако се катапултирал,загинал.Вакви несреќи в овоеното воздухопловство се случуват често и во западните и во источните земји,кои користат разни типови на борбени летала, со различна технологија.Овој случај е интересен поради тоа што вакви мигови освен  военото воздухопловство на Србија има уште бугарското,малку останаа во Унгарија и во Романија. (работат на замена на овие летала со западни типови),што значи дека се многу ретки воени птици на Балканот.

Во светот на воздухопловството,посебно кај произведувачите на борбени авиони паѓањето на некој авион се користи за промоција на сопствените летала.Балканот е посебно интересен бидејќи повеќето земји,освен Грција, купуваа авиони од руско производство.Оваа последна несреќа е  повод американските,шведските авио компании по агресивно да настапат и на балканските простори.

Миг-29 е авион конструиран кон крајот на минатиот век и се сметаше дека е своевиден одговор и копија на американскиот "орел",кој повеќе се прослави во култниот филм "Топ ган" отколку во воени дејствија.Миговите излегуваат од конструктивното биро на Микојан и Гурјевич,кои создадоа цела генерација на млазни борбени авиони што го носат нивниот потпис.Миг 29Се смета за стабилен,снажен,брз,добро констуриран авион.Тогаш зошто паѓа.

Еден од најдобрите воените аналитичари на Балканот Мирослав Лазански,малку саркастично  вели дека авионите паѓаат само кога летаат,Така било и во овој последниов случај.Пилотите на српското воено воздухопловство во последно време имаат повеќе налети,врват повеќе време во воздух.Но,тоа зема и свој данок.И овој авион што падна едно време воопшто не летал,па откако бил ремонтиран од српски и руски воздухопловни стручњаци добил дозвола за лет.Откако бил произведен имал вкупно илјада часови лет.

Во паднатиот авион командите ги имал искусен воен пилот,со големо искуство.Но,како што наведуваат стручњаците при правењето на кружен маневар авионот се подигнал со повисок нападен агол,по што леталото поради губењето на узгонот станал неуправливо.Пилотот  во својата кабина добил сигнал дека лета под превисок нападен агол,меѓутоа не постојат инструменти кои ќе ја изменат постапката на пилотот.Тоа треба тој да го направи.Во такви услови мигот се наведнал на една страна и удрил во земја.Во него е вградено пилотско седиште М.Б. (нула-нула) што значи дека падобранот во него може да се активира и ако леталото е на земја,но зависи во која позиција се наоѓа.Ако кабината е свртена кон земјата и авионот е на мала висина,тогаш се е попусто.

Раное  е да се каже зошто вчера е урна еден од малкуте мигови што останаа на Балканот,но аналитичарот Лазански вели дека кога пред извесно  време го гледал овој пилот на еден аеромитинг што се изведува со мигот,му се одзел здивот.Пилотите тогаш вадат од авионите повеќе од нивните можности.И овој пилот и авион се подготвувале за аеромитинг во Белград....

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive