Фрлете ги тесните фармерки PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 31 мај 2009

farmerki.jpgТесните фармерки, кои неколку сезони се ултимативен моден тренд, може да предизвикаат здравствени проблеми и кај двата пола. Додека ги носат своите омилени претесни фармерки, модните жртви го губат чувството во нозете и страдаат од мералгија парестетика, односно губење на осетот во надворешниот дел на бедрата, кој предизвикува притисок на дел од феморалните(бедрените) нерви во пределот на препоните.

Синдромот на умртвени бедра“ се јавува поради постојаниот притисок на бедрените нерви, а во случајот на модните жртви виновникот за притисокот се тесните фармерки. Симптомите најчесто ги чувствуваат оние кои поради работата носат тесни ремени или облека, како на пример полицајците, градежните работници, трудниците и жените со вишок килограми, но најмногу се забележуваат кај младата трендсетерска популација.
Опасноста по здравјето се зголемува доколку тесните фармерки ги носите во комбинација со високи потпетици кои придонесуваат карличниот дел на телото да оди уште понапред, што дополнително ја влошува целата ситуација. За среќа, лекарите велат дека умртвеноста е привремена и може целосно да се ослободите доколку носите поширока облека.

Тоа значи дека удобноста е клучен фактор. Како инспирација може да ви послужат модните икони помеѓу првите дами, Мишел Обама и Карла Бруни, кои буквално не се одвојуваат од омилените балетанки. Сепак доколку  сакате да ги истакнете нозете во тесни панталони, тогаш фармерките заменете ги со хеланки.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive