Две промоции на книгата од д-р Рубин Земон PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 01 август 2020
rubin2ee.jpgДве промоции на најновотo издание на издавачката куќа Авант прес, студијата насловена „Балканскиот етнички феникс (Историско-етнографски аспекти за заедницата на Балканските Египќани)“ од д-р Рубин Земон ќе се одржат во
 
-Лапидариумот при Музеј куќата на Робевци во Охрид, на 01.08.2020, со почеток од 20 часот;
 
-Платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 03.08.2020, со почеток од 20 часот.
За книгата ќе говорат проф. д-р Ѓорѓи Тоновски и проф. д-р Зоранчо Малинов, а модератор на промоциите ќе биде Милчо Јованоски.
При одржувањето на промоциите ќе се запазат сите безбедносни препораки и процедури предвидени поради се’ уште актуелната пандемија на коронавирусот САРС-КоВ-2 (болеста Ковид-19).

За книгата, рецензентите ќе издвојат:

„Трудот е едно од ретките четива со кои во македонската социјална мисла сериозно и интегрално се актуелизира, истражува и се продлабочува знаењето за етничката структура на македонското општество… Тој, не само што ќе ги збогати нашите сознанија за оваа проблематика, туку може да послужи и како провокација за нови истражувања и на евентуални други делови од недоволно истражената етничка структура на балканските општества, вклучувајќи го и македонското.“


Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски

„ Со оваа книга д-р Рубин Земон не само што ги поставува темелите, туку и доаѓа до едни конечни и завршни форми на еден, релативно, нов историски наратив – оној на етногенезата и историјата на балканските Египќани… книгата да предизвика широк интерес, а потоа и целосно преосмислување, т.е. сосем нов поглед и прочит на множество научни концепции, досега сметани за непроменливи аксиоми….На прв поглед книгата на Рубин Земон е типичен балкански феномен, добро познат во контекст на заедничката историја на балканските народи. Сепак, треба да се нагласи дека авторот не застанува тука, туку успева да ги надмине регионалните рамки со вбројувањето на неговите проучувања во контекстот на новата прочит на глобалната историја од Мартин Бернал и неговите следбеници.“

Проф. д-р Елена Марушиакова, и
проф. д-р Веселин Попов

„… научната мисла не само во нашата држава, туку и пошироко ќе биде запознаена со оваа заедница која за многумина претставува извесна енигма. Имено, децениските напори на авторот за поширока афирмација на заедницата на Балканските Египќани на којашто и самиот припаѓа очигледно вродуваат со плод, а најдобар доказ за сето тоа се и официјалните признанија на реалноста во врска со оваа заедница што доаѓаат од разните балкански држави (Косово, Албанија, Србија, Македонија) на полето на општествено – политичкиот живот.“

Проф. д-р Зоранчо Малинов

Рубин Земон е етнолог односно социо-културален антрополог, роден во Струга, на 25 октомври 1970 година. Докторирал на Етнографскиот институт со музеј при Бугарската Академија на науките во Софија, Република Бугарија, во 2005 година. Бил научен соработник во Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро – Балкан“ во Скопје, универзитетски професор при Универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Во 2016 година е назначен за директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро – Балкан“ во Скопје.

На повеќе наврати е ангажиран како експерт/консултант од страна Советот на Европа, како и ОБСЕ/ОДИХР за различни мисии, проекти и проблематики поврзани со националните малцинства и мултикултурализмот, во разни држави на Европа, особено во земјите на Југо-источна Европа.
Позната е неговата активност и во граѓанскиот сектор во земјата и странство како претседател на Сојузот на балканските Египќани, член на претседателството на Македонското етнолошко друштво, член на претседателството на Мрежата за мултикултурно општество и др.
Од 2013 година ја иницира и секоја година успешно ја организира како претседател на Програмскиот комитет на годишната Меѓународната конференција за културно наследство, туризам и медиуми, што веќе традиционално се одржува во Охрид за време на празнувањата на Водици, на која учествуваат околу 100-тина научници и стручни лица од земјата и странство.
Во 2018 година е назначен за посебен советник на претседателот на Владата на Република Македонија за развој на мултикултурното општество, интеркултурализамот и интер-културните комуникации. Од таа позиција ја иницираше и почетно ја водеше подготовката на владината Националната стратегија за развој на концептот за Едно општество и интеркултурализмот, која всушност е и прва ваква државна стратегија за интеркутурализам во Европа.
Во јануари 2019 година Рубин Земон е избран за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Редарска служба и за охридските бродови поради ковид-19

brodovii1ww.jpgПретставници од Одделението за превенција укажаа и на потребата од воведување на редарска служба што ќе се грижи за безбедноста при влез и за време на престојот на патници во бродот, како и редовно информирање преку разглас на патниците за неопходноста од придржување до препораките за носење на заштитна маска и држење на растојание за време на пловидбата беше речено  на вчерашната средба  со сопственици и капетани на бродови во Охрид, на која присуствуваа и претставници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“-Регионален центар Запад, претставници на Капетанија на пристаништа-Охрид и на Државниот пазарен инспекторат.

 

Читај повеќе...
 
По три пати дневно го чистиме Охрид и не можеме да го до
lopata1q.jpgПо три пати на ден се чистат улиците и јавните површини низ Охрид оти туристите зад себе оставаат големи количини отпад. Од ЈП „Охридски комуналец“ велат дека ниската еколошка свест на македонските граѓаанки и граѓани особено се видела на дело изминатиот илинденски продолжен викенд, кога фрлено ѓубре имало не само по парковите и на плажите, туку и во Езерото.пишува најчитаниот македонсми сајт Сакам да кажам
Читај повеќе...
 
Четири лица повредени во сообраќајка на патот...
soobp1.jpgНа патот Охрид-Кичево повреденис е четири лица, кои се префрлени во болниците во Охрид. Неофицијално на лице место интервенира против пожарната служба која сечејќи ги автомобилите, помага при вадење на повредените.
Читај повеќе...
 
Георгиески се сретна со надежта на охридската атлетик
nadeza1.jpgГрадоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски, кој е член на атлетичарскиот клуб Охрид.
Читај повеќе...
 
Скопјанка пријавила дека е силувана во охридски хотел
siluvanje1w.jpgНа 04.08.2020 во 05.13 часот во СВР Охрид, 27-годишна скопјанка пријавила дека во соба во хотел во Охрид над неа била извршена обљуба По преземени мерки од полициски службеници од СВР Охрид, сторителот гопривеле бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
147 не носеле заптитни маски
stefd1.jpgСпоред статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 147 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-118, Струга-09, Кичево-20).
Читај повеќе...
 
Билтен:Тепачки ,пожари,каснување од куче...
Сsvrohrid2q.jpgВР -Охрид во својот билтен инсвести за повеќе инциденти
Читај повеќе...
 
Честитки за Илинден од повеќе институциии
ilinden2020.jpgПо поводо големиот  македонски празник Илинден до нас пристигнаа повеќе честитки.
Читај повеќе...
 
Се судриле полициски моторцикл и патничко возило
svrohrid2q.jpgНа 01.08.2020 околу 19,55 часот на регионален пат во населба Лагадин,Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(30) од Маврово. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
 
Отстранет дефектот кој го остави истoчно крабрежје бе
ohrid3w.jpgГолемиот дефект кој неколку часа го остави источното охридско крабрежје без струја во саботата попладне е саниран, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ЕВН Македонија и уверуваат дека сите потрошувачи веќе имаат струја.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive