138 нови случаи на ковид-19,во Охрид-2 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 01 август 2020
kovid5q.jpgОд компликации од коронавирус во последните 24 часа починаа 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53), пациентка од Кичево (41), пациент од Битола (27), пациент од Дебар (78) и пациент од Штип (64). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички, соопшти Министерството за здравство, без да наведе за кои болници станува збор. Починатиот пациент e 27-годишно момче, хоспитализиран е на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од 27 јули. Пациентот како дете бил лекуван од малигна болест на крвта, во ремисија десетина години. Станува збор за акутна миелоидна леукемија, болест која и после долгогодишна ремисија остава тешки имунолошки оштетувања кои се причина за ваква тешка ковид болест“, изјавија претходно од Министерството за момчето од Битола.

Во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Виница-2, Кратово-1, Кичево-3, Ресен-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Оздравени се 144 пациенти од: Скопје-105, Штип-9, Прилеп-2, Тетово-4, Велес-1, Битола-5, Гостивар-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово-1, Кичево-7, Ресен-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 10.891, оздравени се 6.698, починаа 493, а активни случаи се 3.700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денес. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.856, активни 1.426
• Куманово 1.066, активни 263
• Дебар 205, активни 117
• Штип 836, активни 431
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1045, активни 225
• Струга 449, активни 195
• Велес 225, активни 22
• Битола 142, активни 71
• Охрид 274, активни 86
• Кавадарци 61, активни 44
• Гостивар 450, активни 269
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 36, активни 20
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 104, активни 24
• Пробиштип 53, активни 20
• Демир Хисар 32, активни 26
• Македонски Брод 26, активни 21
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 16, активни 12
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 222, активни 175
• Кичево 160, активни 97
• Ресен 147, активни 31
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive