Во Охрид од ковид-19 оздравиле -186 пациенти PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 01 август 2020

ohrid3w.jpgВо интерес на јавноста која живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, но и како потсетување за сите гости, туристи кои во овој продолжен, празничен Илинденски викенд престојуваат на Охридско-струшкиот регион, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата  од вирусот COVID-19, во последната седмица на територијата на горенаведените општини.

 

За период од 25 до 31 јули 2020 г.

-          Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 263  лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

-          Од вкупно земените материјали, 185 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

-          Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.

-          Активни случаи во Охрид се 84,  во Струга 195, а во Дебар 108.

-          Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар

-          Во овој период починати се 2 лица од општина Струга

 

Од почетокот на епидемијата до 31 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај  вкупно 916 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица

 

 

 

 

Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

 

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

 

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго  придржување  и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

-          ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

-          ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

-          ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

-          ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни...Уживајте во летото, безбедно...МОЖНО Е!

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                                            Директор

                                                                                                                         Сашо Точков

                                   
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive