Уште 139 нови сличаи на ковид-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 31 јули 2020
kovidkola1q.jpgПочинати се 6 лица во последното деноноќие, регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19, a оздравени се 534 лица, соопшти Министерството за здравство. Меѓу починатите е и 34-годишна пациентка од Скопје со претходна дијагноза хидроцефалус. Другите четворица починати од Скопје се на 66, 67, 67 и 86 годишна возраст и еден пациент од Кочани (76).

Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички. Починатите пациенти се од болниците „8 Септември“, Општа болница Штип и Жан Митрев.

Новите 139 случаи се регистрирани за позитивни од 1.377 тестирања во: Скопје-36, Куманово-11, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-14, Струга-8, Велес-4, Битола-2, Кавадарци-5, Гостивар-16, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Виница-6, Свети Николе-1, Кичево-15, Ресен-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 9 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 1 дете позитивно на вирусот, како и 8 пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје-353, Куманово-61, Дебар-17, Штип-27, Прилеп-5, Тетово-17, Струга-4, Велес-4, Охрид-3, Гостивар-14, Струмица-4, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-8, Свети Николе-5, Кичево-7, Ресен-2. Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 10.754, оздравени се 6.554, починаа 486, а активни се 3.714. Од вчерашните 2 теста се контролни и се евидентираат денес.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4.811, активни 1.488
• Куманово 1.049, активни 246
• Дебар 195, активни 108
• Штип 820, активни 425
• Прилеп 331, активни 53
• Тетово 1042, активни 226
• Струга 449, активни 195
• Велес 220, активни 18
• Битола 137, активни 72
• Охрид 272, активни 84
• Кавадарци 60, активни 43
• Гостивар 440, активни 260
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 36, активни 20
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 99, активни 23
• Пробиштип 52, активни 20
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 20, активни 16
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 14, активни 10
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 222, активни 175
• Кичево 157, активни 102
• Ресен 146, активни 32
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive