Струјата поскапува за 7,4 насто PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 31 јули 2020
beslimoski1q.jpgПретседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кажа дека електричната енергија за сите потрошувачи од идниот месец поскапува за 7,4 проценти.

„Ние знаеме дека со оваа одлука за зголемување на цената на струјата, ќе влијаеме врз сите крајни потрошувачи. Сега сметка на пример од 1.500 денари, ќе добие плус 100 денари“, пресмета Бислимовски.

Пред да ја соопшти новата цена на киловат/час потрошена електрична енергија, Бислимовски имаше вовед дека пандемијата со коронавирус негативно се одразила кај профитот на електроенергетските компании и кај електраните во делот на продажбата на вишоци електрична енергија преку граница.

Бислимовски кажа дека ќе ги следат показателите на профитот на електроенергетските компании ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ, но не се изјасни дали би ја вратиле назад сегашната цена за киловат/час.

„Според пресметките, 17 милиони евра пад на приходите има ЕВН. МЕПСО има загуба 11 милиони евра, приходите паднаа и од намалувањето на потрошувачката на индустриската и комерцијалната потрошувачка“, ги кажуваше Бислимовски аргументите за поскапувањето на струјата.

РКЕ одлучила во наредниот период, да нема укинување на евтината тарифа во корист на граѓаните. Таа останува во истиот период како досега.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive