И полицајци од други градови ќе вршат контрола во Охри PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 31 јули 2020

stefd1.jpgСпоред статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 94 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-53 Струга-16, Кичево-19, Дебар-06). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 12  контроли врз угостителски и други објекти.

Во периодот 29/30.07.2020 година, на подрачјето на СВР Охрид, констатирани се 122  прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-80 Струга-07, Кичево-18, Дебар-17). Во периодот 28/29 јули 2020 година, евидентирани се 123 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-81 Струга-15, Кичево-22, Дебар-05). Во периодот од 28 до 30.07.2020 година, по плажите на охридското крајбрежје, во полициските контроли констатирани се 216 лица кои не носеле заштитна маска.
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. По овој основ, во Охрид, во текот на јуни и јули 2020 година, изречени се вкупно 672 барања за поведување прекршочна постапка (јуни-495, јули-177).

Во текот на престојниот празничен викенд, СВР Охрид ќе се преземаат интензивни превентивни и други мерки со цел, зачувување на стабилната безбедносна состојба на подрачјето. Полициски службеници од СВР Охрид но и од други полициски станици кои, деновиве се на испомош во Охрид, ќе вршат засилени  патролни служби во централното градско подрачје, во периферните делови, по плажите и на паркинг просторите со цел, спречување на кражби на вредни предмети по крајбрежието или од паркирани автомобили.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive