Трамп негираше оти барал одложување на изборите PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 31 јули 2020
tramp1t.jpgВисоки републикански функционери го отфрлија предлогот на Доналд Трамп за одложување на ноемвриските претседателски избори поради грижите дека би можело да има измами. Идејата беше отфрлена и од лидерите на републиканците во Сенатот и Претставничкиот дом, Мич Меконел и Кевин Мекарти. Трамп подоцна негираше дека барал одложување.

Самиот Трамп нема овластување да ги одложи изборите, бидејќи тоа мора да биде одобрено од Конгресот. Тој вчера преку Твитер повика на одложување на изборите сметајќи дека на гласањето по пошта ќе се прават измами. Неколку сојузни држави најавија дека на овој начин ќе ги спроведат изборите поради грижите за јавното здравје среде пандемијата на коронавирусот.

„Никогаш во историјата на оваа земја, дури и во времето на војни и економски депресии, не се случило тие да не се одржат на време. Ќе пронајдеме начин тие да се одржат на 3 ноември“, изјави Меконел.

Дури и најблиските соработници на Трамп кажаа дека не се согласуваат со него.

„Одложувањето не е добра идеја“, изјави сенаторот Линдзи Грем.

Трамп подоцна го смени мислењето и негираше дека побарал изборите да бидат одложени.

„Не сакам одложување. Сакам да имаме избори. Сепак, масовното гласање по пошта може да предизвика сомнеж во резултатите. Не сакам да видам нечесни избори, но ова ќе бидат најнаместени избори во историјата“, изјави Трамп.

Последни измени ( сабота, 01 август 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive