Охрид ќе гради монтажна болница за ковид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 30 јули 2020
ohrid3w.jpgКризниот штаб на Општина Охрид најави дека почнале со активности за зголемување на капацитетите на Општата болница во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од ковид-19. Според вчерашната статистика на Институтот за јавно здравје, во Охрид вкупно заболени од ковид-19 има 271, а активни се 86.

Според најавите, ќе биде поставена монтажна модуларна болница со капацитет од 40 легла, со целокупна опрема. Во текот на наредниот период, службите на Општина Охрид ќе започнат со подготвителни градежни активности во кругот на болницата. Ќе се работи на тампонирање на просторот каде што ќе бидат поставени објектите и ќе се врши асфалтирање на дел од улиците во болничкиот комплекс.

Од Кризниот штаб апелираат до организаторите на музички настани да не ги организираат додека не обезбедат соодветна заштита за посетителите.

„Поради најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, на кои се очекува да присуствуваат голем број посетители, Кризниот штаб на Општина Охрид упатува препорака до организаторите да не ги организираат и одржуваат настаните доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија. Исто така, се упатува препорака и до сопствениците на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на музички настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол“, соопштија од Кризниот штаб.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive