И Трамп се појави со маска во јавноста PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 12 јули 2020
so_maska1q.jpgДоналд Трамп се појави со заштитна маска во јавност за првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Тоа се случи при посетата на воената болница „Волтер Рид“ покрај Вашингтон, каде што се сретна со ранети војници и здравствени работници.

„Никогаш не сум бил против маските, но верувам дека за нив има и време и место“, кажа Трамп.

Тој досега изјавуваше дека нема намера да носи маска и го исмеваше својот противкандидат на изборите Џо Бајден што го прави тоа.

„Кога сте во болница и зборувате со многу војници и луѓе, од кои некои тукушто биле оперирани, мислам дека е одлично да носите маска“, рече Трамп.

Кога Американскиот центар за контрола на болести и превенција во април препорача да се носи маска, Трамп децидно кажа дека нема да го следи ова.

Во изминатите 24 часа, во САД се потврдени 66.528 нови случаи на коронавирус, а вкупната бројка починати порасна на 135.000.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive