И во ковид услови библиотеката ги претставува... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 10 јули 2020

avtorib1.jpgВо вонредни услови и Ковид – 19 во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и посебните протоколи за работа е затворена читалната и поради реорганизацијата на работата се’ уште нема услови за одржување промоции и други настани.

Но ние како установа не се откажуваме од воспоставената практика да Ве потсетиме на родендените на нашите роднокрајни автори кои се дел од Роднокрајното одделение во библиотеката.

Во јули се родени: Томислав Тунтев, Јошко Србиноски, Љупчо Милкоски Розе Костеска , Ацо Силјаноски, Ило Кафеџиоски – Кафе и Џеладин Емини.

Ве потсетуваме на дел од нивното творештво кое го поседуваме и ви е на дофат.

Од авторот Тунтев ви ги препорачуваме: „Светиот завет“ – роман и двете стручни монографии ’50 години Аеродром Охрид’и ’ Историја на водухопловството’.

Од авторот Милковски прочитајте ја поемата „Охридска  светлина“ од авторката Костеска ги препорачуваме книгите за деца „Занаети и професии“ и „Мали најмили“, како и стихозбирката „Пркос“.

Во роднокрајното одделение ја поседуваме и стихозбирката „Трагите не се завеани“ од Ацо Силјаноски.

Од богатиот  трезор на нашата библиотека можете да ја позајмите и книгата „Охридски литературни творци од Прличев до денес“ од авторката Маринела Јовановиќ во која се поместени 109 писатели и поети  родени во Охрид и околината или имале допирни точки со градот.

Да потсетиме, под посебен протокол во библиотеката  се врши позајмувањето на книги и тоа од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот со пауза за дезинфекција на просториите од 12 до 12 и 30 часот.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive