168 новозаболени од ковид-19,во Охрид- 8 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 09 јули 2020
korona3q.jpgТри лица починаа по компликации од ковид-19 во изминитиве 24 часа, и тоа двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.
– Скопје 83
– Куманово 8
– Дебар 2
– Штип 6
– Прилеп 3
– Тетово 26
– Струга 5
– Битола 2
– Охрид 8
– Гостивар 8
– Крива Паланка 1
– Крушево 1
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Свети Николе 4
– Кичево 6
– Ресен 1

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.

Во „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

– Скопје 48
– Тетово 18
– Велес 1
– Гостивар 1
– Кочани 1
– Ресен 1

Направените 1.470 теста се преку: ИЈЗ-684, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-112, Биотек-112, МАНУ -121, Жан Митрев (Филип Втори) -235, Систина со ПЦР метода -150, Судска медицина -14, ЦЈЗ Битола-19. Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Од вчерашните тестови два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3656, активни 1928
• Куманово 818, активни 179
• Дебар 120, активни 67
• Штип 411, активни 166
• Прилеп 289, активни 58
• Тетово 831, активни 351
• Струга 288, активни 187
• Велес 198, активни 36
• Битола 65, активни 24
• Охрид 218, активни 189
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 188, активни 115
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 18, активни 12
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 8, активни 4
• Кочани 76, активни 17
• Пробиштип 30, активни 19
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 7, активни 5
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 58, активни 51
• Кичево 58, активни 49
• Ресен 129, активни 88
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.572, оздравени се 3.624,  починаа 362, а активни се 3.586.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive