Георгиески:Уставен не може да не спречи да ги... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 08 јули 2020
konstantin5tt.jpgОпштина Охрид има донесено правосилни решенија за уривање на плажите неколку години пред уредбата на Владата и затоа ќе продолжиме да уриваме сѐ додека не ги отстраниме сите дивоградби долж крајбрежјето, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески по одлуката за Уставен суд да се запре уривањето на плажите во Охрид. Георгиески за САКАМДАКАЖАМ.МК  вели дека не му е потреба уредба или каква било друга одлука од Владата за да урива дивоградби бидејќи тоа е надлежност на Општината,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

„Ние почнавме со уривање на дивоградбите врз основа на решенија издадени од 2017 и 2016 година за нелегално изградени објекти и за објекти со истечени договори за закуп, со што тие всушност се дивоградба. Не треба Владата да донесе уредба за Општината да урива. Во уредбата на Владата не се споменува дека Општина Охрид треба да урива туку дека Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи  треба да го затворат објектот кој откако му истекол договорот за закуп продолжил да работи. Ние како Општина си имаме друго решение со кое го уриваме објектот, односно го враќаме просторот во првобитна состојба бидејќи тоа не го сторил концесионерот“, вели градоначалникот Георгиески.

Со уредбата на Владата за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба на закупците на кои им е истечен договорот им се наложува да го вратат во првобитна состојба земјиштето и им се забранува да вршат дејност. Се предвидува надзорот да го вршат Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција кои треба да го затворат објектот доколку не се почитува одредбата.

„И во самиот договор кој го имаат концесионерите стои дека земјиштето треба да се врати во првобитна состојба откако ќе помине договорот за закупот. Ние постапуваме по тие договори, бидејќи закупците не ѝ плаќаат кирија на Општината, а не по редба на Влада. Затоа, уште лани распишавме тендер за уривање на дивоградбите, тогаш немаше никаква уредба.  Уставниот суд нема да ме спречи да продолжаме да си ја вршиме работата и да го исчистиме крајбрежјето од дивоградби“, додава Георгиески.

 Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности, а поведе постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга. Дополнувањето за кое Уставните судии поведоа постапка, изгласано е на владина седница на 9 јуни. Забраната за уривање на плажите-дивоградби според одлуката на Уставен суд ќе трае до денот кога ќе донесе одлука за поведената постапка.

САКАМДАКАЖАМ. МК лани во декември пишуваше дека никој не плаќа концесија на Општина Охрид за стопанисување со плажите долж Охридското Езеро. Ниту еден од газдите кои ги работат плажите, поставуваат лежалки, маси, столици, чадори, па дури имаат изградено и цели објекти претворени во кафулиња, немаат дозвола за работа. Концесиите им се истечени, па веќе неколку години си работат на диво. Плажите се водат како дивоградби, бидејќи според договорите за краткотраен закуп кои ги потпишале со Министерството за транспорт и врски, се обврзале по истекот на концесијата да го вратат земјиштето, односно плажата во првобитна состојба.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive