Нови 163 случаи од ковид-19,во Охрид-1 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 08 јули 2020
korona3q.jpgОсум лица починаа по компликации од коронавирус, и тоа шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-3, Ресен-5.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61,62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во „Филип Втори“ („Жан Митрев“) е починат пациент од Дебар на 52 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти .

Оздравени се 230 лица од: Скопје-126, Куманово-31, Штип-11, Прилеп-1, Тетово-45, Велес-7, Кавадарци-1, Гостивар-1, Кочани-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 7.406, оздравени се 3.554, починати се 359, а активни се 3.493.

Еден од вчерашните тестови е контролен, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3.573, активни 1.895
• Куманово 813, активни 174
• Дебар 118, активни 65
• Штип 404, активни 159
• Прилеп 286, активни 55
• Тетово 805, активни 343
• Струга 282, активни 181
• Велес 198, активни 37
• Битола 63, активни 22
• Охрид 210, активни 181
• Кавадарци 22, активни 15
• Гостивар 180, активни 109
• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 18, активни 10
• Крива Паланка 17, активни 11
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 7, активни 3
• Кочани 75, активни 17
• Пробиштип 28, активни 17
• Демир Хисар 3, активни 2
• Македонски Брод 6, активни 4
• Пехчево 6, активни 2
• Берово 3, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 4, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 6, активни 3
• Свети Николе 56, активни 49
• Кичево 52, активни 43
• Ресен 127, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive