Мориконе ќе остане во историјата на "Охридско лето" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 06 јули 2020

morikone100m.jpgСветски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе, кој денес почина на 91 годишна возраст, на Свеченото отворање на Охридско лето во 2009 година настапи со обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, долгогодишен  селектор на музичката програма на Фестивалот.

За обоистката Јосифова Неделковска,  Мориконе е уметникот кој го одбележа Отворањето на Охридско лето 2009 а неговото име  се запиша со златни букви во фестивалската историја. Настан што се уште се памети а фестивалот со учество на ваквите уметници се вбројува во листата на престижни евроспки фестивали.

-          Веднаш по пристигнувањето во Охрид заедно со својата сопруга и претставници од Фестивалотимавме прием кај Претседателот на државата кој воедно и покровител на фестивалот.Маестро Мориконе веќе ја имаше информацијата дека музичкиот селектор е уметник обоист и на средбата јавно изрази желба да настапам на концертот на свеченото отворање со изведба на познатото соло Обоата на Габриел.После индивидуалната проба на која со голема возбуда и малку трема му ја отсвирав оваа преубава тема, маестро Мориконерече - „Задоволствотот е мое,се гледаме вечер на  проба со оркестаротСледеше успешна генерална проба  а возбудата кај мене стануваше се посилна како се наближуваше концертот.Антички театар беше исполнет и во гледалиштето и околу имаше уште толку посетители.Тивка и мирна ноќ исполнета со музиката на големиот композитор, долги аплаузи и стоечки овации. Мојот настап бешена крај на програмата, предвиден како бис.morikone101m.jpg

Според Јосифова-Неделковска чест, привилегија и  исполнување на  животен сон е личната покана од маестро Мориконе да се биде на сцена заедно со него како диригент и да се изведе најголемиот бисер напишан за нејзиниот инструмент - Обоата на Габриел .

-          За мојата посветеност на обоата во текот на целиот живот ја добив најубавата награда. Изведба полна со емоции, длабока почит за дадената можност да се сподели на иста сцена музиката со генијалниот композитор. Вечер за паметење,искуство кое ме стави во рангот на  привилегираните.Добив уште еден подарок од маестро Мориконе - тој дозволи само мојот настап да биде снимен  од страна на МРТВ а со тоа да остане вечниот спомен на неговото учество на фестивалот Охридксо лето.

 

-          Со нетрпение но и голема вознемиренст го чекав моментот кога маестрото ќе го каже своето мислење за мојот настап. Неговите зборови се уште звучат во мојата глава:

„Би сакал да ве имам постојано во мојот оркестар, ова беше посебно доживување за мене. Ме плени вашата емоција !“

 

Но она што остана во архивата на фестивалот е неговиот исказ на прес конференцијата на која тој рече: Ме смири нејзиното свирење. Толку е внимателна, елоквентна и прецизна во изразот што веднаш ме воодушеви кога ја слушнав. Не очекував дека ќе чујам таков настап

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive