Не може да се постигне групен имунитет на ковид-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 06 јули 2020
koronav1b.jpgГолемо шпанско истражување на коронавирусот откри дека само 5% од тамошната популација имаат развиено антитела, што ги зацврсти тврдењата дека групниот имунитет не може да се постигне.

Студијата објавена во медицинското списание „Лансет“ покажа дека 95% од населението во Шпанија остануваат подложни на коронавирусот. Групен имунитет или имунитет на стадото се постигнува кога доволен дел од населението, за што се верува дека е околу 60%, е заразен со вирус или вакциниран против него, со што се спречува негово натамошно ширење.

Европскиот центар за контрола на болести кажа дека во шпанското истражување биле испитани 61.000 примероци, што го прави најголемо во Европа досега. Слични истражувања веќе се направени во Кина и САД и тие покажале дека најголем дел од населението останува неизложен на коронавирусот, дури и во областите каде што има негово големо ширење.

„Во поглед на ова, секој предложен пристап за постигнување на имунитет на стадото преку природна зараза не само што е неетички, туку и неостварлив“, изјави Изабела Екерле, директорката на Центарот за заразни болести во Женева.

Лекарите и натаму не знаат со сигурност дали некој може повторно да се зарази со коронавирусот доколку има развиено антитела.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive