Почина легендарниот композитор Енио Мориконе PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 06 јули 2020
morikone1w.jpgЕнио Мориконе, еден од најпознатите композитори на филмска музика, почина денеска на 91 година, објави италијанската новинска агенција АНСА. Тој починал во клиника во Рим од последиците на пад минатата недела, кога скршил бутна коска.

Роден во Рим во 1928 година, Мориконе напишал музика за повеќе од 400 филмови, но неговото име најтесно се поврзува со италијанскиот режисер Серџо Леоне, со кој соработуваше на некои од најпознатите шпагети вестерни, почнувајќи од „За грст долари“ од 1964 година, па сѐ до неговиот последен филм „Беше еднаш во Америка“.

Мориконе работеше во сите филмски жанрови и некои негови мелодии ја надминаа популарноста и на самите филмови.

Седум пати беше номиниран за Оскар и конечно го освои во 2016 за едно од своите последни дела, „Омразените осуммина“ од Квентин Тарантино, девет години откако му беше доделена почесна статуетка.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive