Филипче:Иднината е во младиот медицински кадар во кој.. PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 05 јули 2020
filipcena1q.jpgМинистерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Охрид оствари средба со специјализантите и младите лекари  од Општата болница, Здравствениот дом Охрид, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. На средбата, тие дискутираа за мерките кои се имплементираат, а министерот ги слушна и предлозите и пораките за унапредување на здравствениот систем.
„Веќе трета година, вратите на Министерството за здравство се отворени за сите, особено за младите здравствени работници. Тие активно се вклучени во креирањето на здравствените политики, затоа што само тие можат да кажат кои мерки и политики се најдобри за младите специјализанти, лекари, медицински сестри. Во изминатиот период направивме многу за да ги мотивираме и да бидат задоволни од својата работа. Спроведовме низа активности. Нема повеќе лихварски договори. Со измените кои ги направивме во Законот за здравствена заштита, го сменивме времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршување на специјализацијата во траење еднакво на должината на траењето на специјализацијата, како и намалувањето на висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата“, потенцираше м

„Направивме да се чувствуваат вреднувани и мотивирани. Тоа што е најважно се чувствуваат дека се дел од тимот, дел од системот. Ова е многу важно, затоа што само ако се чувствуваат добредојдени во системот, ние може да ги задржиме во нашата земја. Отворивме можности секој млад здравствен работник својата иднина да ја гледа во јавното здравство. Сега, веднаш по добивањето на лиценца, вратите на младите им се отворени за работа со пациенти. Согласно измените во Законот за здравствена заштита тие треба да поминат на работа шест месеци во јавните установи во дејностите на итна медицинска помош, патронажна дејност и поливалентна патронажа“, рече министерот Филипче.

На средбата, министерот Филипче посочи дека како никогаш досега е вложено во зголемување на платите на сите здравствени работници. За 40% се зголемени платите на лекарите специјалисти, од 20% до 23% на медицинските сестри, општите лекари до 25%.
Младите лекари изразија благодарност за севкупното вложување, особено сега кога земјава се соочува со ковид-19. Тие нагласија дека здравствените власти правилно постапиле со инвестирањето во медицинскиот кадар затоа што во овие моменти се покажа дека здравствениот систем добро се справува со овој ви

„Со вистинските здравствени политики ќе продолжиме и во следниот период. Инвестирањето во младите е најважно, затоа што тие се иднината во јавното здравство. Продолжуваме со зголемувања во платите и надоместокот за дежурства, подобрување на условите во здравствените установи и набавување на најсовремена медицинска опрема“, истакна Филипче.

Последни измени ( недела, 05 јули 2020 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive