Заболени се 115 лица од ковид-19,во Охрид 8 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 05 јули 2020
kovid4q.jpgВо изминатите 24 часа починаа 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево по компликации од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Ресен-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 50 и 70 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починаа пет пациенти на возраст од 56, 62, 64, 65 и 82 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 54 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот. Во „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 92 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Оздравени се 40 лица од: Скопје-26, Велес-2, Гостивар-3, Кичево-3, Ресен-6.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 7.046, од кои оздравени се 3.027, починаа  341, а активни се 3.678.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive