Министерот Чулев со велосипедската полиција ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 04 јули 2020
velosipedskap1.jpgМинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес оствари работна посета на СВР Охрид, а воедно ја посети и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот, како и езерската полиција

Во рамките на средбата со раководството на СВР Охрид, министерот Чулев беше информиран за актуелната безбедносна состојба на подрачјето на овој сектор за внатрешни работи, која е на високо ниво, а за пофалба е фактот што во изминатиот период од страна на криминалистичката полиција во Охрид расветлени се 30 тешки кражби во викенд куќи во туристичките наслеби Лагадин и Елешец. Исто така, во фокусот на денешниот состанок во СВР Охрид беа парламетнарните избори кои ќе се одржат на 15-ти јули.

 Министерот Чулев нагласи дека цврсто стои зад определбата истите да се спроведат со највисоко ниво на професионалност и неселективност од страна на полициските службеници и апелираше тие да постапуваат со еднаков пристап кон секој што ќе ги прекрши законските одредби, независно од неговата етничка или политичка определба. Од страна на раководството на секторот за внатрешни работи министерот Чулев беше запознат дека мапирани се критичните точки каде во изминатите изборни циклуси биле евидентирани изборни нерегуларности и истите ќе бидат покриени со зголемени полициски сили.

Покрај ова, министерот Чулев во текот на работната посета на СВР Охрид, учествуваше и во превентивната акција заедно велосипедската полициска патрола при што за граѓаните се делеа маски во централното градско подрачје, а во текот на вчерашната вечер беше дел иста таква активност која се спроведе во соработка со Советите на родители од неколку образовни центри во градот при што посети повеќе угостителски објекти во градот каде се собираат млади луѓе и им укажа на потребата од почитување на мерките и одлуките донесени од владата, а кои се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните.

velosipedska2.jpg

 На средбата, пак, со челните луѓе на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај министерот Чулев беше информиран дека во изминатиот период забележано е значителено намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Охрид.

 Полициските службеници од езерската полиција, реферираа за активностите кои тие ги преземаат, а се насочени кон сузбивање на прекуграничниот криминалитет по езерски пат и заштита на рибниот фонд во услови кога Охридското езеро сеуште нема концесионер. На сите овие средби и состаноци министерот Чулев потенцираше дека кадровската и материјална опременост е исклучително значајна за функционирање на министерството за внатрешни работи и во таа насока во следниот период ќе се преземат активности со кои кадровски ќе се екипираат организациските единици каде е потребно тоа, но и на располагање на полициските службеници ќе им стави неопходната опрема со која ефикасно ќе ги извршуваат работните задачи и ќе ја подигнат ефикасноста на Министерството за внатрешни работи. “Европските интеграции на нашата држава наложуваат првенствено кадарот во министерството за внатрешни работи да биде стручен и компетентен, а потоа да ги има сите неопходни материјално – технички средства. Во таа насока во следниот период ќе работиме на алоцирање на финансиските средства на министерството за внатрешни работи во оние сегменти каде има најголема потреба од тоа“, заклучи Чулев.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive