Во Охрид има 161 лице со ковид-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 04 јули 2020

centar1qq.jpgСо цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за  справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 27 јуни до 03 јули 2020 г.

-          Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 280 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 129 лица, во општина Струга и Вевчани 114 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 37 лицa.

-          Од вкупно земените материјали, 176 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0)

-          Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 50 лица од општина Охрид, кај 52 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар.

-          Во Охрид 75 пациенти се на домашно лекување, во Струга 78 пациенти се на домашно лекување, а во Дебар 10 пациенти се на домашно лекување.

-          Активни случаи во Охрид се 161,  во Струга 148, а во Дебар 51.

-          Во овој период оздравени се 9 лица од Охрид, 10 лица од Струга и 4 лица од Дебар

-          Во овој период починати се 1 лице од општина Охрид и 6 лица од општина Струга.

 

Од почетокот на епидемијата до 03 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на  вкупно 537 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 190 лица во општина Охрид и Дебрца, 245 лице во општина Струга и Вевчани и 103 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 5 починати пациенти, од општина Струга се починати 26, а од Дебар и Центар Жупа се починати 4 лица

 

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме  мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

 

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive