Собирач на шумски плодови паднал од карпа, го спасиле... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 02 јули 2020
povredens1q.jpgОперативниот центар на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, во 9:00 часот, прими повик од граѓанин за случена несреќа при пад на лице на карпест терен, со кое заедно биле да собираат шумски плодови, напишаа на својот официјален сајт од Планинската Спасителна Служба.

За лоцирање на местото на несреќата беше  искористен СМС системот за лоцирање, кој е воспоставен во рамки на проектот „Регионот Oхридско Eзеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија, програма за прекугранична соработка МК-АЛ. Веднаш по лоцирањето на местото на несреќата, два тима на ПСС се упатија на терен, и во 10:35 часот пристигнаа на местото на несреќата. На повреденото лице, веднаш му беше укажана прва помош, беше запрено обилно крварење и изведена имобилизација на целото тело, по што започна сложена постапка за транспорт и евакуација на повредениот. Поради непристапноста на теренот, беше спроведена една од покомплексните акции за евакуација на повреден, при што беа вклучени 7 спасители од ПСС и соодветна опрема за спасување на деликатен технички терен. По 3 часа и 15 минути, во 13:50 часот, повредениот беше предаден на Итната медицинска помош при Здравствен дом Охрид, која му пружи стручна лекарска помош на лице место и го транспортира повредениот до соодветна здравствена институција, на понатамошно лекување.

povredens2q.jpg

 Со оваа интервенција, која е шеста по ред, се доближуваме до рекорден просек од една интервенција месечно, што уште еднаш укажува на неопходноста од постоење на ефикасен систем за спасување на планина и непристапни терени, особено во регионите во кои интензивно се развиваат различни форми на авантуристички туризам.

 Ја користиме оваа прилика, уште еднаш да изразиме голема благодарност за пожртвуваноста на волонтерите од Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, како и на припадниците на СВР Охрид и Итната медицинска помош, кои секогаш максимално се ангажираат да помогнат на тимовите од ПСС.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive