Амбасадорот Жбогар во посета на НП Галичица PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 02 јули 2020

sozbogar1q.jpgДенес, во рамките на посетата  на Охрид, амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија оствари посета на Репродуктивниот центар за европски елен на Националниот парк Галичица. За потсетување, Репродуктивниот центарсе наоѓа на локалитететот „Косто бачило“ и е со површина од 86 хектари, а во него е сместено матичното стадо од 30 единки, од кои 24 женки и 6 мажјаци, а веќе има и подмладок на мали еленчиња.

Во рамките на посетата, амбасадорот оствари средба со Директорот на Јавната установа Национален парк Галичица, Васко Паскали, а присутни беа и Раководителот на Одделението за правни, административни и економски прашања на јавната установа – Сања Рилкоска и Соработникот за алтернативни активности при јавната установа – Константин Здравески. Амбасадоротбеше информиран и запознат со главните функции на центарот, и тоа: заштита на биодиверзитетот преку активно управување на високопланинските пасишта, заштита на пејсажните и пределските вредности, намалување на ризикот од пожари, подобрување на атрактивноста на Националниот парк Галичица и едукативна функција.

На средбата беше дискутирано и за зачувување на природното и културното наследство воНПГ и активностите кои установата ги презема и планира да ги имплементира во иднина. Исто така, Жбогар беше запознат со напредокот и резултатите одспроведувањето на Проектот: „Подобрување на ефективноста во заштитата и управувањето со Националниот парк Галичица", кој е дел од Програмата: „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја“, финансирана од Европската Унија, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), како и информирање за тековните активности и идните планови на ЈУНПГ.

Амбасадорот Жбогар ја поздрави иницијативноста и ентузијазмот на установата во остварување на активности за заштита на природата.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive