132 новозаболени од ковид-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 29 јуни 2020
korona3q.jpgПочинати се 12 лица од компликации од коронавирус за изминатите 24 часа, и тоа пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, соопшти Министерството за здравство. .

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица – двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се исто така четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години.

Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година.

Во Гостивар е починат пациент на 70 години.

Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.

Во изминатото деноноќие се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Оздравени се 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 6.209,  оздравени се 2.427,  починати се 298, а има 3.484 активни случаи.

Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 3006, активни 1986
• Куманово 750, активни 293
• Дебар 92, активни 40
• Штип 332, активни 148
• Прилеп 257, активни 33
• Тетово 681, активни 366
• Струга 218, активни 133
• Велес 182, активни 37
• Битола 50, активни 17
• Охрид 167, активни 143
• Кавадарци 15, активни 9
• Гостивар 117, активни 62
• Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 15, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 69, активни 22
• Пробиштип 17, активни 9
• Демир Хисар 2, активни 1
• Македонски Брод 4, активни 2
• Пехчево 6, активни 3
• Берово 2, активни 0
• Валандово 6, активни 2
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 27, активни 23
• Кичево 30, активни 25
• Ресен 100, активни 94
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive