Нови 150 заразени од ковид-19,во Охрид уште 9 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 27 јуни 2020
kovid5q.jpgДевет лица починаа по компликации од коронавирус, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје, вели Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа се направени 1.086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 93, Куманово-7, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-12, Струга-3, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-3, Кочани-1, Кичево-8, Ресен-5, Неготино-1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 79 години. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се две лица од Скопје на возраст 58 и 81 година и пациент од Тетово на 58 години. Во Тетово починати се пет лица на возраст 63, 60, 77, 72 и 69 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Оздравени се 30 пациенти од: Скопје-21, Штип-3, Прилеп-2, Тетово-3, Битола-1.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 5.906, оздравени се 2.236, починати се 277, а активни се 3.393 случаи.

Од вчерашните тестирања два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.893, активни 1.931
• Куманово 732, активни 276
• Дебар 89, активни 37
• Штип 306, активни 181
• Прилеп 246, активни 23
• Тетово 640, активни 374
• Струга 196, активни 114
• Велес 173, активни 30
• Битола 46, активни 15
• Охрид 149, активни 125
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 104, активни 63
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 14, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 67, активни 30
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 24, активни 22
• Кичево 24, активни 20
• Ресен 94, активни 90
• Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive