Бакраческа:Ќе ја намалиме невработеноста PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 27 јуни 2020

kandidatb1.jpg-ВМРО-ДПМНЕ со посветена работа и реализација на голем број реформи, политики, мерки се обврзува на остварување на стратегиските определби. Кога станува збор за невработеноста, имаме состојба на висока невработеност, додека од друга страна работодавците се жалат на недостиг од мотивирани и квалитетни работници,рече на денешната прес конференција д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.


-Со оглед на фактот дека емиграцијата ја намалува расположливата работна сила, оправдано стравуваме од тоа дека набрзо би можеле да се соочиме со недостиг на квалитетна работна сила, што би било сериозна препрека за планираниот раст на домашните и странските бизниси и привлекувањето на странски инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се случи тоа и затоа ќе се залагаме за зголемување на квалитетот на работната сила, пред сè, преку формалното образование, обуки на работното место и образование за возрасни. На тој начин ќе ја намалиме невработеноста, а ќе се влијае врз раст на продуктивноста на македонските работници, која пак, ќе резултира со понатамошен раст на платите.

Се обврзуваме до крајот на 2024 година да ја намалиме стапката на невработеност на ниво под 10%  што значи дека во следните четири години во Македонија ќе креираме најмалку 80.000 нови работни места.

При тоа, ранливите категории на граѓани ќе добијат силна поддршка за вклучување во пазарот на труд, додека младите луѓе од 15 до 29 годишна возраст ќе добијат зголемени шанси да најдат работа и да не застари нивното знаење и вештини.

Пакет мерки и услуги за вработување ќе добијат и лицата без квалификации односно лицата со ниско образование, како и долгорочно невработените лица и корисниците на социјална парична помош.

Се обврзуваме и за подобрување на условите за работа од дома. Стабилното вработување е нашата цел затоа што така се зголемува социјалната сигурност на работниците.

Агенцијата за вработување преку зајакнување на капацитетите ќе стане модерен сервис на компаниите и граѓаните. Така пазарот на труд ќе стане поефикасен и ќе се подобри бизнис-климата во државата.

14 за ефикасен пазар на труд!

14 за социјална сигурност на работниците!

14 за подобрување на бизнис-климата во државата!

15-ти јули е денот кога започнува Обновата на Македонија,порача Бакраческа.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive