Паскали:Изградивме правна држава,градиме праведна PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 27 јуни 2020

paskalv2.jpg-Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.Покажавме дека македонското општество и нашите граѓани можат да бидат и солидарни и грижливи, дека може да се помогне на секоја индивидуа или заедница на која тоа и е потребно,изјави денес секретарот на ОО на СДСМ во Охрид Васко Паскали.

-Социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија. Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање. Благодетот од овие мерки го почувствуваа и голем број наши согражани.

 

Направивме пресврт и разлика, од општество во кое ВМРО-ДПМНЕ 11 години газеше врз достоинството на луѓето, особено кон сиромашните и стечајците, денес станавме општество во кое се помага на сиромашните и ранливите, држава која се стреми сите да имаат и да уживаат еднакви права.

 

 Почитувани, Време е за ред, правда и дисциплина

 

За три години изградивме праведна држава која се грижи за сите особено за најранливите, време е да изградиме праведна држава.

 

Нема веќе одложување. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.

 

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

 

Време е за ред и дисциплина во сите институции!

 

Тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни. Затоа, воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.

 

Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните.

 

Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Затоа, системот ќе го промениме од корен. Ниту еден пратеник нема да добива патни трошоци за патување од Скопје до дома. Собранието ќе обезбеди станови од околу 50 м2 за секој пратеник да може да остане во главниот град во текот на неделата.

 

И на овие избори СДСМ нуди грижа за сите, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. СДСМ нуди професионални инситуции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.

 

На 15 јули, заокружете број 3 . Во нашата Изборна Единица 5 на листата се и луѓето кои се со мене: Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски. Да ги поддржиме и да гласаме за нив и за нашата иднина.

 

На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство,кажа Паскали.

 

 

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Мориконе ќе остане во историјата на "Охридско лето"

morikone100m.jpgСветски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе, кој денес почина на 91 годишна возраст, на Свеченото отворање на Охридско лето во 2009 година настапи со обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, долгогодишен  селектор на музичката програма на Фестивалот.

Читај повеќе...
 
На подрчјето на СВР-Охрид 27 лица не носеле...
stefd1.jpgСпоред статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 27 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-09, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 09 контроли врз угостителски и други објекти.
 
Министерот Сугарески во посета на Охрид
minkost1.jpgГрадоначалникот Константин Георгиески денес оствари средба со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој беше во работна посета на Општина Охрид. На средбата беше разговарано за  инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.
Читај повеќе...
 
Конкурс за најдобар расказ
raskazc1.jpgПо повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:
Читај повеќе...
 
Градската библиотека повторно е отворена

vlezb1.jpgПо паузата поради Ковид – 19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена.

Читај повеќе...
 
Филипче:Иднината е во младиот медицински кадар во кој..
filipcena1q.jpgМинистерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во Охрид оствари средба со специјализантите и младите лекари  од Општата болница, Здравствениот дом Охрид, Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – “Свети Стефан” и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. На средбата, тие дискутираа за мерките кои се имплементираат, а министерот ги слушна и предлозите и пораките за унапредување на здравствениот систем.
Читај повеќе...
 
Државјанка на Италија затворена во стан во Охрид

svrohrid2q.jpgНа 04.07.2020 во 04,00 часот во Полициската станица Карпош, В.Ѓ.(49) од Скопје пријавил дека П.М.Д.(26) од Р.Италија, била заклучена во стан во Охрид, односно противправно лишена од слобода од лицето С.С.(19) од Скопје, кој што бил со привремено живеалиште во Р.Италија.

Читај повеќе...
 
Петмина охриѓани имале кавга на "Марко Цепенков"
svrohrid2q.jpgНа 03,07.2020 година во 23..15 часот, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир си карање, викање и непристојно однесување помеѓу помеѓу четворица охриѓани. Против нив, СВР Охрид, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе поднесе соодветна пријава.
 
Министерот Чулев со велосипедската полиција ...
velosipedskap1.jpgМинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев денес оствари работна посета на СВР Охрид, а воедно ја посети и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќајот, како и езерската полиција
Читај повеќе...
 
Во Охрид има 161 лице со ковид-19

centar1qq.jpgСо цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за  справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive