На подрачјето на СВР - Охрид 109 лица се во изолација PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 31 мај 2020

stefd1.jpgСпоред статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно  во изолација се 109 лица (Охрид-45, Струга-45, Кичево-19). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 10 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 30 лица (Охрид-18, Струга-7, Кичево-1, Дебар-4). Врз овие лица, извршени се 14 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 67 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-07, Струга-06, Кичево-42, Дебар-12).

На 30.05.2020 година околу 17 часот, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид,  нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и фрлање предмети извршено од Љ.Ѓ. кон С.Ѓ .(54), двете од Охрид.. Претходно, на истата улица, околу 14 часот, се случила вербална расправија помеѓу С.Ѓ.(54)  и С.Т.(22), двете од Охрид. Натамошниот тек на нарушувањето е спречено со интервенција на полициските службеници. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 30.05.2020 во 19.30 часот на булеварот .„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.М.(21) од селото Радолишта, струшко, удрило во пешакот  В.П.(70) од Охрид. Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во болницата во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive