Двајца починати и 62 новозаразени од КОВИД-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 31 мај 2020
kovid4q.jpgВо Градската општа болница „8 Септември“ од КОВИД-19 почина 60-годишен пациент од Струга (примен во болницата на 22 мај). Евидентиран е пациент од Гостивар (64) примен и починат во болницата во Гостивар на 29 мај, за кој тестот покажа позитивен резултат, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа направени се 771 тестирања, а регистрирани 62 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-2, Штип-14, Тетово-12, Струга-4, Велес-1, Гостивар – 3, Кочани – 1 и Валандово-1.

Оздравени се 17 пациенти во: Скопје-5, Куманово-1, Тетово-9, Битола-1, Гостивар-1.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 221 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Прилеп и Скопје, и нема позитивен случај од скринингот. Досега, во рамките на скринингот се направени 3.723 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 примени се 5 пациенти, хоспитализирани се вкупно 44 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 19 пациенти, 1 пациент е на механичка вентилација.

Во „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани 35 пациенти. На респираторна машина се 6, а со потешка клиничка слика се уште 10 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи уште 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 28 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирус.

Вкупно ковид дијагностицирани во земјава досега се 2.226, од кои оздравени се 1.552, починати се 133, а активни се 541.

Последната дистрибуција по градови е следната:

Скопје – 841, активни 267
Куманово – 455, активни 45
Дебар – 51, активни 0
Штип – 76, активни 41
Прилеп –211, активни 41
Тетово – 210, активни 78
Струга – 84, активни 14
Велес – 130, активни 30
Битола –28, активни 3
Охрид –23, активни 6
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –26, активни 6
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 33, активни 2
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 3, активни 1
Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 0
Делчево-1, активни 0
Валандово -2, активни 1
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 0
Берово-1, активни 0
Свети Николе-1, активни 1.

Направените 771 теста се преку Институт за јавно здравје–447, Центар за јавно здравје Скопје- 15, Авицена –27, Биотек -92, Филип Втори (Жан Митрев) –6, Систина со ПЦР метода -70 и МАНУ -114. Досега во земјата се направени вкупно 29.575 тестирања на КОВИД-19.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive