35 новозаразени и пет починати од КОВИД-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 30 мај 2020
korona3q.jpgТриесет и пет новозаболени од КОВИД-19 се регистрирани од 1.120 тестови во изминатите 24 часа, објави Институтот за јавно здравје. Починати се пет лица, четворица од Скопје, еден од Струга, а оздравени се 19.

Од новорегистрираните позитивни од најмногу се Скопје 22, Куманово 4, Штип 1, Тетово 6, Струга 1 и Гостивар 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца. Еден е пациент од Струга (70) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај.

Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на коронавирус.

 

Во земјава вкупно ковид дијагностицирани се 2.164, починати се 131, оздравени 1.535, а активни се 498.

Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3.502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на КОВИД-19.

Тестирањата се правени во:  преку Институтот за јавно здравје (546), преку Центарот за јавно здравје 66 Авицена- 50, Биотек 178, „Жан Митрев“ 51 , Систина 120, МАНУ 109.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive