Насилните протести во САД се шират поради убиството PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 30 мај 2020
minea1.jpgДемонстрантите се судрија со полицијата во десетици градови низ САД, на протестите во врска со смртта на невооружениот Афроамериканец Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот во Минеаполис додека бил приведуван од полицијата.

Стотици луѓе се собраа и пред Белата куќа, која на кратко беше ставена во карантин, при што полицијата беше гаѓана со шишиња и други предмети. Властите воведоа полициски час во Минеаполис од 22 до шест часот, но сепак имаше палежи и грабежи низ градот.

„Ве молам, одете си дома! Ситуацијата стана опасна“, се обрати гувернерот на Минесота, Тим Валц.

 

Пентагон издаде ретка наредба и стави во состојба на подготвеност неколку единици на воена полиција. На војниците од Северна Каролина и Њујорк им било кажано да реагираат во Минеаполис во рок од неколку часа доколку бидат повикани.

Протестите продолжија и се проширија иако вчера беше уапсен полицаецот Дерек Човин, кој е снимен како со колено го притиска вратот на Флојд при приведувањето, по што тој почина во болница. Освен Човин, уште тројца полицајци добија отказ.

Вонредна состојба е прогласена во некои области на Атланта, каде што е оштетено седиштето на Си-Ен-Ен и се запалени неколку полициски возила, додека во Портланд бил подметнат пожар во полициска станица. Во Калифорнија, демонстрантите блокирале четири големи сообраќајници. Неколкумина полицајци се повредени во Бруклин, каде што исто така имаше жестоки судири.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive