Американски и грчки воени авиони прелетаа во чест... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 29 мај 2020
prelet1q.jpgДва американски и четири грчки борбени авиони претпладнево прелетаа над Скопје за да ѝ посакаат на Македонија добредојде во полноправно членство на НАТО.

Авионите дојдоа од правецот на скопскиот аеродром и летаа по течението на Вардар на височина од 1.500 метри.

Американските авиони „Б1“ вчера полетаа од Јужна Дакота и по непрекинат 30-часовен лет стигнаа до Македонија, при што горивото им се долевало во воздух. Грчките авиони беа од типот „Ф16“.

„Нашите американски сојузници испраќаат силна порака дека нашите две земји одржуваат одлична соработка и дека и по влезот во Алијансата, САД остануваат наш силен сојузник и стратешки партнер“, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз рече дека овој прелет е израз на трајната поддршка на САД за Северна Македонија и гест за добредојде како 30. членка на НАТО.

„Иако нашата заедничка борба против коронавирусот превладува во медиумите во изминатиот период, тоа не треба да спречи да го видиме историското достигнување на земјава – членството во НАТО и добивање на зелено светло за старт на пристапните преговори со ЕУ“, рече Брнз.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive