Кипар нуди платен одмор за оние кои ќе се заразат... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 28 мај 2020
kipar3e.jpgСо помалку од 950 заразени и само 17 смртни случаи, Кипар значително подобро се справи со коронавирусот од повеќето земји.

Кипар ќе ги отвори аеродромите за меѓународните летови на 9 јуни, а со цел да се прикажат како безбедна земја за странски туристи, властите излегоа со необична понуда. Тие ветија дека ќе им го платат целиот одмор на оние кои ќе имаат позитивен тест за коронавирус додека престојуваат во земјата.

„Владата ќе ги покрие трошоците за престој, лекови и храна за заразените туристи и нивните семејства“, соопшти владата.

Заменик министерот за туризам Савас Пердиос кажа дека ќе подготват болница со 100 кревети специјално за туристите со позитивен тест, како и неколку „карантински хотели“ за членовите на нивните семејства.

Кипар ги затвори границите и ги забрани меѓународните летови во март, но сака што побрзо да ги врати туристите, имајќи предвид дека оваа гранка претставува 15% од бруто домашниот производ.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive