Тројца починати и 38 новозаразени од КОВИД-19 PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 28 мај 2020
koronam1q.jpgНа Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74-годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај, а во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај, соопшти Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека во Институтот за јавно здравје, од болницата „Ремедика“, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје ( 53 години) и истиот е позитивен на КОВИД-19.

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа  примени се 3 пациенти, хоспитализирани се вкупно 47 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 29 пациенти. На респиратор се 6, а со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9, а на домашно лекување се следат 7 пациенти. На инфективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 38 пациенти -позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Оздравени се 16 пациенти и тоа во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1.

Вкупнo ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 2.077,  оздравени се пациенти е 1.486,  починати е 122, а активни случаи се 469.
Последната дистрибуција по градови е:
Скопје – 771, активни 232
Куманово – 442, активни 36
Дебар – 51, активни 0
Штип – 54, активни 19
Прилеп –211, активни 43
Тетово – 182, активни 71
Струга – 77, активни 9
Велес – 128, активни 31
Битола –29, активни 7
Охрид –23, активни 8
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –22, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка- 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 0
Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово-2, активни 1
Берово-1, активни 0
Свети Николе-1, активни 1

Направените 560 теста се преку: ИЈЗ –226, Ветеринарен факултет -29, Авицена –18, Биотек -73, Филип Втори (Жан Митрев) –43, Систина со ПЦР метода -60 и МАНУ -111. Досега во земјата се направени вкупно 27023 тестирања на КОВИД -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 168 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Куманово и Скопје и не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive