Кафулињата ќе работат до 20 часот,само четири лица... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 27 мај 2020
samoce1.jpgКафулињата и рестораните кои од утре се отвораат ќе работат до 20 часот. Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања кажа дека во оваа прва фаза ќе се дозволи само работа на летните тераси, а доколку се почитуваат мерките и протоколите понатаму ќе се размислува за отворање и на затворените угостителски објекти.

Според протооколите кои ги изготвила Комисијата за заразни болести на една маса најмногу ќе можат да седат 4 лица.

„Нема никакво ограничување дека лицата треба да се членови на исто семејство. Задолжително е да има растојание меѓу масите. Ќе ја следиме ситуацијата дали се почитуваат препораките и доколку угостителите се придржуваат ќе ги отвориме и затворените угостителски објекти“, рече Бектеши на прес-конференцијата за раскинување на договори за концесии за експлоатација на минерални суровини во Струга.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека полицијата ќе ги контролира угостителите дали ќе ги почитуваат протоколите за работа.

Владата на вчерашната седница донесе одлука од утре да се отворат угостителските објекти, а од денес укинат е полицискиот час.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive