Донација од Мелбурн за полицијата,маски,ракавици PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 27 мај 2020
zastitnaoprema2q.jpgИнтернационалната полициска социјација (ИПА) Регион Охрид  од Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн-Австралија доби донација од 1600 заштитни ракавици и 1500 повеќенаменски заштитни маски.Донацијата е веќе дистрибуираната во полициските станици во Охрд,Струга,Кичево и Дебар.

“Интернационалната полициска социјација (ИПА) Регион Охрид, во изминатиов период доби донацијата од членовите на Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн 1600 парчиња заштитни ракавици и 1500 повеќенаменски заштитни маски. Со тоа, нашите сонародници од Австралија, покажаа грижа за здравјето на полициските службеници кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на полицискиот час, обезбедување на државните карантини и во други бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19” вели претседателот на ИПА за Регионот на Охрид Стефан Димоски.

 

Донацијата, е дистрибуирана до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар и ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни ракавици и заштитни маски и ќе го зголеми степенот на хигиената и безбедноста во нивната работа но и во зачувување на нивното здравје.

 

“Во овие тешки денови на пандемија, кога сеуште е силна опасноста од смртоносниот вирус во Македонија и светот, овој хуман и солидарен гест на нашиот сонародници-членови на Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн-Австралија, е вреден за почит и доаѓа во исклучително важни моменти кога, една од најважните препораки е уредбата со законска сила за носење лична заштитна опрема и е нагласена потребата на полициските службеници од заштитни маски и ракавици како начин за нивна поголема заштита од корона вирусот”,кажа Димоски.

 

Инаку, ИПА регион Охрид, од почетокот на Корона кризата, преку донации обезбеди повеќе илјади заштитни маски, заштитни ракавици и дезинфекциони средста, за што, неодамна, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, и додели благодарница за хуманоста и посебниот придонес во справувањето и надминувањето на последиците од КОВИД 19.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive