Водата во Охридското езеро е погодна за ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 27 мај 2020
ohrid3w.jpgВодата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро, односно делот што се користи за капење и рекреација, е од прва и втора класа, велат од Центарот за јавно здравје Охрид. Оваа анализа доаѓа една недела по појавата на полен во езерската вода кај градското пристаниште, што предизвика вознемиреност кај граѓаните и екологистите.

Центарот за јавно здравје направи физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероци на површинската вода, земени од 32 места од Свети Наум до селото Радожда.

„Комплетните анализи на квалитетот на водата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро од македонската страна беа извршени во лабораториите на Центарот за јавно здравје Охрид. Резултатите од физичко-хемиската и микробиолошката анализа на земените примероци покажуваат дека водата во крајбрежниот дел во втората половина на мај 2020 припаѓа на прва и втора класа, односно оценета е како одлична. Според тоа, и согласно Уредбата за класификација на водите, водата во крајбрежниот дел на Охридското Езеро е погодна за капење, спорт и рекреација”, велат од Центарот за јавно здравје.

Оттаму кажаа дека во наредниот период ќе се анализираат примероци на вода од реките што се влеваат во Охридското Езеро од македонската страна.

„Центарот за јавно здравје Охрид во текот на целата летна сезона ќе ја следи состојбата со квалитетот на површинската вода во Охридското Езеро и навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за резултатите од извршените анализи“, кажаа од Центарот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive