Од утре се укинува полицискиот час, в четврток се... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 26 мај 2020
koronav1w.jpgОд утре нема да има полициски час, а в четврток ќе почнат со работа терасите на кафулињата и рестораните, одлучи Владата на денешната седница. Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција кажа дека одлуките за укинување на рестриктивните мерки е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести.

„Денешните одлуки се донесени бидејќи состојбата е под контрола, а зголемениот  број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на непочитување на рестриктивните мерки“, кажа Спасовски.

Кафулињата и рестораните ќе работат по определени протоколи за летни тераси, а за затворените делови начинот на работа ќе се регулира во понатамошна фаза. Како што кажа Спасовски, од 1 јуни ќе престанат да важат ослободувањата од работа односно администрацијата ќе треба да се врати на работните места. Оваа одлука нема да важи за хронично болните и оние кои имаат деца до 10 години додека не се отворат градинките.

„Задолжителниот карантин се заменува со домашна изолација, доколку лицата приложат негативен тест за коронавирус направен последните 72 часа пред да влезат во земјава. Сите лица кои се во државен карантин може да направат тест на свој трошок и доколку имаат негативен да одат во домашна изолација“, кажа Спасовски.

Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести да направи проценка за отворање на границите и да направат протоколи за влез и излез од земјава и за работа на хотелите.

Полицискиот час како мерка против ширење на коронавирусот беше воведен на 22 март. Првиот полициски час беше од 21 до 6 часот наутро. Оттогаш па наваму се менуваше времето за забрана за движење во зависност од бројот на новозаболени лица и ширење на вирусот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive